Џастин Бибер планира да ја тужи Марија Јетер!? Е ајде да видиме како ќе заврши оваа драма?

popara7 ноември, 20111min00
Justin_Bieber_36

Џастин Бибер планира да ја тужи Марија Јетер, жената која тврди дека тој е татко на нејзиниот син. Пејачот се најде во центарот на скандал откако Јетер поднела тужба и излегла во јавност со тврдењата дека пејачот е татко на нејзиниот три месечен син.  Џастин планира да ја тужи 20-годишната девојка, а наводно и по враќањето од Европа ќе направи и ДНК тест за да се утврди дали детето е негово или не.

Адвокатот на Џастин, Хауард Вајцман веќе го контактирал адвокатот на Јетер и го информирал дека планираат тужба против Јетер. “Адвокатот наводно бил нервозен кога слушнал дека пејачот се согласил да направи ДНК тест, и дека веќе избрал и лабораторија каде ќе ги направи анализите.

Фановите на Џастин со нетрпение ги чекаат резултатите за да дознаат дали пејачот е татко на детето.

Според пишувањето на некои американски медиуми, Селена Гомез ја прекинала врската со Џастин, поради сите овие случувања и тврдења дека тој е татко на детето на Јетер. Но веста се држи во тајност, по барање на Џастин. Тој се плаши дека прекинот на врската во ова време ќе значи и потврда за точноста на гласините за детето. Во моментов и двајцата не ги коментирале нивните односи, но се разбира времето ќе покаже.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag