
Откако освоил две награди на МТВ, Џастин Бибер (17) одлучил малку да се проведе. И тоа не било каде туку во лондонскиот геј клуб Кремлин. За тоа место се одлучил бидејќи сакал да ги избегне фановите кои го следеле по целиот град.
Пред да оди во геј клубот Џастин бил на службената забава на МТВ заедно со неговата девојка Селена Гомез (19). Фановите го чекале пред хотелот, со надеж дека ќе можат да го видат барем на кратко, но тој го напуштил хотелот преку споредниот излез.