Тинејџерката Лорен (16), во шок и низ солзи раскажала на полицијата дека случајно ја прегазила мајка си додека таа ја учела да вози автомобил.
Судот утврдил дека причина за смртта на Сју Дјук (41), е токму несреќата.
Лорен Дјук случајно со автомобилот ја прегазила сопствената мајка, која ја учела да вози, а потресената тинејџерка на полицијата и објаснила дека предходно вежбала возење автомобил само еднаш.
„Се обидов да возам рикверц, но од прва не ми успеа. Мама се насмеа и ми рече да возам побрзо. Тогаш видов дека таа падна, а јас почнав да паничам, автомобилот почна да оди наназад и незнаев што да направам“, изјавила девојката.
Сју Дјук имала тешки повреди на главата и починала два дена по несреќата. Судот утврдил дека причина за смртта на мајката била токму трагичната несреќа.