Со цел да ги охрабри туристите да посетуваат местата од историско значење, кои за жал почнуваат да паѓаат во заборав, Би-Би-СИ направи кратка листа на историски споменици од целиот свет кои секој патник мора да ги посети.
Робен Ајленд, Кејп Таун
До 1996 година тој беше затвор, а ОН го внесе во Светското наследство на УНЕСКО. Поранешниот јужноафрикански претседател, Нелсон Мандела во овој затвор бил затворен 27 години. Затворот бил користен за затварање и мачење на политичките неистомисленици речиси 400 години. Денес е симбол на победата над апартхејдот.
Таџ Махал
Таџ Махал во Индија се смета за споменик од оправдани причини, бидејќи тоа е место за еден човек кому му недостасувала сопругата. Царот Шах Јахан бил толку тажен кога неговата сакана Мумтаз Махал умрела, па ја изградил една од најубавите градби во светот за да биде вечен дом на нејзиното тело.
Нанџинг
Стотици илјади луѓе биле убиени, а десетици илјади жени силувани, кога во 1937 година Јапонците ја презеле контролата на кинескиот град Нанџинг. Спомен соба за жртвите од масакрот им овозможува на посетителите увид во ужасните злосторства, а е изградена над масовните гробници.
Хирошима
Билансот на жртвите од првата атомска бомба се проценува на 200.000 (пет години по експлозијата). Спомен паркот на мирот, Музејот А-бомба ја раскажува приказната за настаните пред, за време и по бомбардирањето на Хирошима на 6 Август 1945 година. За многумина тоа е болно искуство и моќен симбол на идиотизмот на војната. Отворена во август 2002 година, Салата Спомен парк на мирот е место каде се чуваат имињата, фотографиите и сведоштвата на жртвите на атомската бомба.
Јалианвала Багх
Со цел да се разбере што ја направило Индија место какво што е денес, отидите во Амритсар, на местото каде што британски војници, без предупредување, го блокирале плоштадот пред да испукаат 1650 куршуми на толпа од 5000 мирни демонстранти. Во близина на Златниот храм е изграден Парк со цел да се оддаде почит на Индијците кои биле повредени или убиени во таа 1919 година. Трагите од куршумите сеуште се видливи.
Туол Сленг
Старата училишна зграда ја користеле Црвените Кмери како центар за мачење во Камбоџа. Денес тоа е споменик на место каде што биле убиени 1,7 милиони луѓе. Контроверзната карта направена од черепи и коски била премногу страшна, и сега е заменета.