Дајен Китон мисли дека направила грешка кога му поставила ултиматум на Ал Пачино, или брак или крај на врската. Парот имал романса во 80-тите години и Дајен уживала во врската со легендарниот актер. “Тој беше поставен, смешен, секогаш зборуваше”. Дел од него секогаш делуваше како да е изгубено сираче. Тој беше прекрасен и јас бев луда по него, јас навистина се борев во тој поглед”, изјавила актерката.
Врската се распаднала кога Дајен сакала да оди еден чекор понатаму, што не се сложувало со мислењето на Пачино. Актерката признава дека тоа не е најдобриот потег. “Не требаше тоа да го направам, дефинитивно не го решив тоа на совршен начин”, вели таа.
65-годишната Дајен никогаш не се омажила, но таа е среќна што не останала дома, да стане домаќинка како нејзината мајка. “Таа се жртвуваше кога одлучи да не прави кариера. Знаев дека мене бракот нема да ми биде пријател”, вели Дајен, додавајќи дека љубовните афери веќе не ја привлекуваат. “Ужасно ми е кога одам на љубовен состанок. Можете ли да замислите нешто полошо? И моите деца се преплашени од тоа”, изјавила актерката.