Сексот во гласачката кабина е тема на видео спотот со кој Единствената Русија на Путин ги привлекува гласачите.
Оваа реклама е дел од кампањата која ги охрабрува Русите да излезат на парламентарните избори закажани за 4 декември.
Млада, атрактивна девојка влегова во простаријата означени како гласачко место. Додека она го добива гласачкиот лист, и приоѓа дечко кој јасно става до знаење дека му се допаѓа.
Девојката потоа влегува во гласачката кабина, но брзо ја отвара и го внесува дечкото во кабината. Идната сцена е паѓање на облеката и слоганот „ајде да го направиме тоа заедно”.
За момент подоцна и двајцата излегуваат задоволни и насмеани, девојката ја мести косата, одат по гласачките кутии и ги оставаат своите гласачки листови. Во позадината на рекламата оди техно музика.
Меѓутоа, како и во поголем број држави, гласањето во Русија е индивидуално, но од партијата тврдат дека со оваа реклама сакале да привлечат што повеќе луѓе. Членот на опозиционата партија, Генади Гудков тврди дека оваа реклама го нарушува уставот.
Путин кампањата исто така ја започна на нетрадиционален начин – тој на Harley мотор во Новосибирск во друштво на моторциклисти и воени ветерани присуствуваше на одбележувањето на годишнициата на ослобудувањето на овој град од окупацијата во Втората светска војна.