И кога е во прашање еден од најпознатите ресторани во Лондон, пејачката воопшто нема намера да облече прикладна облека. Фотографите ја снимиле Ријана (23) при излегување од еден јапонски ресторан. Носела “жешки” панталони на кои било испринтано американското знаме и бела маица со тексас јакна. Сето тоа го “зачинила” со крзно и необични чорапи. Иако било ноќ, таа носела и очила за сонце. Покрај нејзе имало обезбедување, а фотографите ладно ги игнорирала.