На снимката која е неодамна објавена, а на која е забележан настан кој се случил на 30 септември во Јапонија, се гледа необично, проѕирно летало.
Иако потеклото на леталото засега не е познато, се претпоставува дека станува збор за вонземјанска технологија. На небото над Сендаи се движел објект чиј облик бил во круг или полукруг, со две светлечки кугли, претпоставуваме, на странчичните делови на леталото.
Сепак, тоа што најмногу го одзема вниманието на гледачите на оваа необична појава е проѕирноста на леталото. За таа карактеристика постојат неколку теории, од кои најзастапени се оние кои тврдат дека станува збор за напредна технологија која овозможува делимична невидливост, и друга која тврди дека објектот всушност е од делумна биолошка природа, и проѕирноста е една од неговите биолошки карактеристики.
Ви видеото кое ви го пренесуваме направен е детален извештај за овој, но и за некои претходни случаи на НЛО во Јапонија:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=CFVHL97JhAs