Adobe потврди дека Flash е мртов, HTML5 e иднината на мобилните уреди

15 ноември, 20110
0209007.42

Adobe потврди дека го напушта развојот на Flash на мобилните уреди. Наместо Flash компанијата ќе се насочи на HTML5 и апликациите за мобилните платформи.

Вестите за „смртта” на мобилниот Flash ја објави минатата недела ZDNet, a Adobe наутро на својот блог тоа и го потврди. Најавата доаѓа откако Apple во 2007 храбро одлучи дека нема да го подржува Flash на iPhone, а како причина ја наведе загриженоста за перформансите на оваа технологија. Од оваа перспектива сега изгледа дека Стив Џобс цело време бил во право.

„Во текот на изминатите две години го испорачувавме Flash Player за мобилните пребарувачи и донесовме целосно изразување на вебот на многу мобилни уреди”, напиша Дени Винокур, потпретседател на Adobe и генерален директор за интерактивен развој. „Меѓутоа, HTML5 сега универзално е подржан на главните мобилни уреди, а во некои случаи и ексклузивно. Тоа го прави HTML5 најдобро решение за креирање и имплементација на содржините во веб пребарувачите преку мобилните платформи.”

Компанијата ќе се насочи на развојот на технологиите кои подобро одговараат на специфичните платформи. Со други зборови, ќе продолжи да се пружа подршка за Flash како веќе докажана технологија за персоналните компјутери ( тука се вбројуваат и „напредни игри”, „премиум видео” и сл.) додека за своите мобилни операции ќе се насочат на развој на апликации и HTML5.

Да се потсетиме што Стив Џобс напиша за Flash, тоа најдобро ја опишува и причината за оваа одлука. „Flash е креиран во текот на ерата на персонални компјутери – односно за компјутер и маус. Flash е успешен бизнис за Adobe и можеме да разбереме зошто и понатаму сакаат да продолжат и надвор од компјутерите. Но, мобилната доба се врти околу уреди кои малку трошат, преовладува touchscreen и отворените стандарди – односно подрачја на кои Flash заостанува.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi