Кралицата на поп музиката Мадона наводно се откажала од користење на ботокс, а ако судиме според последните фотографии и понатаму изгледа барем дупло помладо.
Пејачката се појавила на еден настан во Њу Јорк во врели шорцеви, мрежасти чорапи и долги чизми, а сите очи биле вперени кон неа. По пристигнувањето во еден клуб во Њујорк веднаш почнале да се “моткаат” мажи околу неа, но нејзиниот 24-годишен љубовник Брахам Заибат будно го прател секој нејзин чекор.
Ноедамна еден нејзин близок пријател открил дека Мадона му рекла дека се откажала од ботокс и други козметички препарати затоа што се плаши дека во блиска иднина би можела да изгледа како наказа.
Иако веќе може да се нарече средовечна жена, Мадона нема намера да го намали темпото. Пејачката работи под полна пареа, а покрај музичката, паралелно гради и бизнис кариера, лансирајќи неодамна свој моден бренд.
Неодамна на интернет се појави демо-верзија од нејзиниот нов сингл Give Me All Your Love, поради што Мадона побеснела, а од менаџерот Гај Осер побарала да го пронајде виновникот.