Пол Стритер од Англија, открил за локалните медиуми дека неговата девојка пронашла мртва птица во готовата салата која ја купил од продавниците на „Теско“.
„Неможев да поверувам во она што го видов. Беше страшно. Можеше таа да го изеде тоа“, изјавил Пол.
Тој за Би-Би-Си раскажал како купил готова салата, за вечерата, ја послужил на трпезата на која биле неговата девојка и децата, а тој се вратил до кујната да земе нешто.
Наеднаш се слушнало вриштењето на неговата девојка, шокирана од она што го видела во чинијата.
„Незнаев што да мислам, бев загрижен за здравјето на моето семејство, бидејќи веќе изеле малку од салатата“, раскажал Пол.
Портпаролот на маркетот „Теско“ во соопштение до јавноста за овој инцидент се извинил и додал дека ќе превземат истрага.
httpv://www.youtube.com/watch?v=KxuZ3u_DBc0