Велат дека е тешко да разоружиш една жена со комлименти , но маж – секогаш!
Дури и најсилниот машки примерок е доста чуствителен во однос на зборовите. Тој не помалку од жените има потреба од постојана подршка и внимание. Затоа на помош доаѓаат комплиментите. Доста спорно е верувањето дека патот кон срцето на мажот минува низ стомакот. Многу посилни од храната се убавите зборови, волшебните зборови. Но најважното е да не претерувате, тоа секогаш се познава и остава горчлив вкус во устата. Фалете го пред неговите пријатели. Ова со гаранција ќе го зарадува многу, макар тој упорно ќе се обидува да го скрие тоа, но вие продолжете. Најопасната зона е кога сте во кревет. Никогаш не правете споредба помеѓу него и бившиот, дури и тоа да е во полза на сегашниот. Но не престанувајте да го фалите поради него самиот. Зошто во тој миг постои само тој и место за други нема. Можете да се однесувате кон комплиментите со чувство на хумор, но само ако мажот може да го оцени тоа – иначе станува лошо. Подобро молчете ако не можете да кажете убави нешта по еден неверојатен начин.