Деми Мур и Ештон Качер дефинитивно се разведуваат! Аман, време беше!!!

popara18 ноември, 20111min00
Don Julio Hosts 1OAK's Super Bowl Eve Party

Актерката минатата ноќ ги објавила своите намери во врска со бракот и напишала дека понатаму во животот продолжува сама.
“Како сопруга, мајка и жена, сметам дека некои работи се свети, и поради тоа донесов одлука сама да продолжам понатаму во мојот живот”, изјавила Деми Мур, пренесува Хафингтон пост.

Целата драма настанала кога Ештон ја изневерил Деми токму на нивната шест годишнина од бракот. Една недела подоцна парот бил виден заедно и негирале дека бракот им е во криза и дека ќе се разведуваат. Но кога Сара Лел открила на јавноста детали од поминатата ноќ со Ештон веќе работите станале се покомплицирани за парот.

Кратко потоа, двајца почнале одвоено да се појавуваат на различни настани, а Деми се повеќе била исцрпена и видно ја губела телесната тежина. Парот посетувал и брачно советување, но очигледно и тоа не им помогнало.

Ештон се огласил на Твитер и напишал дека засекогаш ќе го цени времето поминато со Деми Мур и дека бракот е неверојатно тешка работа, и дека понекогаш успева, но понекогаш и не.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag