„Ocean Dome Seagaia“ е најголемата вештачка плажа во светот. Таму никогаш не врне, небото е секогаш сино, а сонцето пече точно онолку колку што треба. Водата е чиста, а брановите се секогаш идеални за срф. Температурата на воздухот е секогаш околу 30 степени, а на водата околу 28.
„Ocean Dome Seagaia“ е единствената покриена плажа во светот, а покривот е подвижен. Должината на плажата изнесува 300 метра, а широчината 100. Се наоѓа на јапонскиот остров Кјушу во Тихиот океан.