Сите во двор на испит….
Во една кинеска провинција, во централна Кина, професорите успеале да го решат проблемот со препишување на испити или тестирања, така што ги преместија училниците во училишните дворови.
„Надвор во дворовите или игралиштата има многу повеќе место, учениците се приморани да седат подалеку еден од друг, што оневозможува шепотење или гледање во туѓ лист“, изјавил еден од професорите.
Покрај оддалечените маси, наставници седат и на ридот покрај игралиштето, па така имаат поголема контрола врз студентите.