Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо бил шокиран откако пет девојки му ги покажале градите додека тој бил на прозорецот од хотелската соба во Босна и Херцеговина.
Две девојки кои потекнуваат од Зеница, а кои моментално живеат во Виена, дошле само за натпреварот во својот роден град за да ја заведат големата фудбалска ѕвезда.
Мелис Авдиќ и Сенида Ибриќ за медиумите раскажале дека дознале во кој хотел престојува Роналдо, а на познаникот кој работел на рецепција му дале парче хартија да му го предаде на фудбалерот на кое пишувало во колку часот тој треба да погледне низ прозорецот.
Девојките знаеле дека има голема дисциплина во фудбалските репрезентации и не мислеле дека тој ќе се појави на прозорецот, иако потајно на тоа се надевале.
Сепак, тие самите се изненадиле кога точно на полноќ го виделе фудбалерот како ѕирка од прозорецот.
„Тој се шокираше кога виде дека ние, заедно со три други пријателки, ги кренавме маиците и му мафтавме со нашите гради. Се исплаши како мало дете. Веднаш ги тргна завесите од својата соба и исчезна. Сигурно на нас мислел цела ноќ“, раскажале девојките.