Студиото кое се занимава со снимање на филмови за возрасни, Vivid Entertainment, бара од компанијата HTC да го промени името на еден од своите уреди.
Од ова студио сметаат дека фактот дека постои телефон кој се вика HTC Vivid може да ги збуни корисниците и погрешно да ги наведе на мислење дека на некој начин е поврзан со нив.
Адвокатот на компанијата Vivid во соопштението за медиумите изјавил дека на овој начин се создава лажна слика дека HTC e поврзан со Vivid Entertainment.
HTC доби и јавно барање до 21 ноември да го промени името на својот смарт телефон, а доколку не го направи тоа ќе биде покрената правна постапка.
Тајванската компанија до сега не дала свој коментар на оваа ситуација.