Цел ден го поминувате во чевли, а од трчање „наваму натаму“ на крајот на денот чувствувате пулсирачка болка во потечените стапала. За среќа, постои едноставен начин да се ослободите од болката, и тоа со домашен рецепт!
Станува збор за купка од рузмарин и грејпфрут, која е буквално рај за вашите стапала. Грејпфрутот е одличен за козметички третман за стапалата, бидејќи ја негува кожата, ги отвора порите, помага при обнова на клетките и при елиминирање на токсините. Грејпфрутот позитивно делува и врз лимфниот систем и ја зајакнува и затегнува кожата. Тој е ефикасен во борбата против целулитот и уморните мускули. Самиот цитрусен мирис ќе ви помогне да се опуштите.
Рецепт за релаксирачка купка:
2 грејпфути
¼ чаша сол за капење или морска сол
4 лажици ситно сецкан рузмарин
Во корито ставете топла вода и додадете ја солта и рузмаринот. Едниот грејпфрут исецкајте го на мали парчиња. Истото направете го со половина од вториот грејпфрут и парчињата ставете ги во купката. Останата половина грејпфрут исцедете ја и сокот додајте го во купката.
Ставете ги нозете во приготвената купка и уживајте околу 10тина минути. Практикувајте ја купката барем два пати неделно, со тоа значително ќе ја подобрите циркулацијата и ќе ја намалите болката од уморните стапала.