“Immortal” е еден во низата постхумни албуми на Мајкл Џексон што ќе биде објавен во наредниот период, а песната “Dancing Machine/Blame It On The Boogie” е првата песна од претстојниот албум, што ќе биде објавен од страна на издавачката куќа “Epic Records”.
Албумот ќе има 22 песни, кои се опишани како “новооткриени верзии на познати песни и алтернативни верзии на старите хитови, како и колекција на микс и ремикс верзии на песните”.
“Immortal” нема да биде последното издание кое ќе биде потпишано до страна на кралот на поп-музиката. “Следбениците“ на познатиот пејач се собраа во организација под името “Michael Jackson Estate” и со оваа организација управуваат неколку членови од неговата фамилија, а адвокатот Хауард Вајцман најавува дека ќе следуваат уште албуми.
Вајцман официјално излезе со изјава дека за следната година се планира повторно издавање на алумот “Bird” како и на минимум еден колекционерски албум.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Sj1f0VLWbyM