Богатите се спремни на се, само за да изгледаат раскошно и луксузно. Тоа го докажува и најновиот тренд на изработка на ткаенина од 24 каратно злато, која изгледа кралски, но е екстремно скапа.
Швајцарските стручњаци од научно – истражувачкиот центар ЕМПА пронајдоа начин како свилениот конец да го обвиткаат со чисто злато и создадоа скапоцена златна ткаенина, која е издржлива и има сјаен изглед.
За жал на жените, новиот златен материјал први ќе го „испробаат“ мажите, за кои вече се дизајнирани модели на вратоврска и лептир машна, чија цена ќе биде „само“ околу 6000 евра.