Караба е веројатно нашиот најра предок и „алката која недостасува“, кој за прв пат е виден благодарение на неверојатниот портрет креиран од палео-уметникот Џон Гурч, врз основа на одлично сочуваниот скелет на 13 годишно момче пронајдено во една пештера во Јужна Африка.
Караба, што значи „одговор“, бил висок еден метар и триесет сантиметри, живеел пред скоро 2 милиони години. Неговите остатоци се најдени во 2008 година, а најголем шок меѓу истражувачите беше неговата човеколика рака.
„Неможеме да го негираме фактот дека пронајдовме рака која не е мајмунска, туку личи на рака која може да се служи со секакво оружје и алатки. Караба е сличен на луѓето, а во исто време и примитивен, а тоа е толку возбудливо“, изјавил Ли Бергер од Универзитетот во Јоханесбург.
“Слободно можеме да кажеме дека тоа е тој. Многу е тешко да се направи точна реконструкција кај раните човечки фосили бидејќи се во лоша состојба, но во овој случај, анатомијата е исклучително добра.
Мислам дека ова е најточно објавената досега”, изјавува Берген.
Караба и неговиот вид оделе исправено, додека нивните ситни заби можеби се индикатор дека знаеле и да готват.
Истражувањата спроведени во септември, го прогласиле за најдобар кандидат за директен предок на “homo erectus”, најраниот човек.