Вилата Колани, инспирирана од легендарниот дизајнер Луиџи Колани, е луксузен имот кој бил завршен во 2009. Имотот претставува серија од округли структури, поврзани со тераси, водени објекти и „спакувани” во пакет каде бојата на надворешноста е помаранџеста. Вилата има микс на статуи, плави столбови, уникатен златен мозаик во бањата и базени. Повеќе од 1230 квадратни метри 24-каратно злато, кое тежело околу 27 килограми, и тогаш чинело повеќе од милион долари, било употребено во базените и куќата.
Вилата има околу 10.700 квадратни метри простор за живеење, кој вклучува кујна чии составни делови биле дизајнирани од Sheer и донесени од Италија. Еклузивната Colani врата, како и вратите на 5-те останати влезови, се обложени со уникатни Swarovski кристали.