Со зелен чај против лошиот холестерол

popara21 ноември, 20111min00
zelen caj

Според последните студии, зелен чај може значително да го намали штетното влијание кое “лошиот” холестерол го има врз вашето тело.

Според последните студии на научниците од универзитетот во Ромона, кои беа спроведени врз повеќе од 1000 луѓе, зелениот чај, без разлика дали е во капсули или во течна состојба, го намалува “лошиот” холестерол. Како додаток на терапијата, зелениот чај има значаен ефект во намалувањето на холестеролот, односно со зелен чај ќе намалите 5 или 6 холестерол поени повеќе отколку само со терапија.

Зелениот чај во течна состојба е поефикасен од капсулите со зелен чај, но експертите предупредуваат дека зелениот чај не може да биде замена за лекарствата.

“Ако некој е веќе пие лекови против холестеролот не треба да ги замени со зелен чај. Зелениот чај најмногу треба да се употребува како превенција и како додаток на терапијата“, вели Оливија Панг, професор по фармација на универзитетот во Помона.

Таа истакнува дека зелениот чај е пријател на човечкото тело, бидејќи се бори против штетните последници од нашите секојдневни навики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag