Од свои 2 години знаел дека сака да биде девојче! :(

popara21 ноември, 20111min00
n

Осум годишната Дејна од Калифорнија, всушност е момче по име Денан Тајлер, кој се облекува како девојче и бара од своите родители да му се обраќаат и да го третираат како девојче.

Момчето и неговите родители зборувале за овој проблем во емисијата „Деца и тинејџери заробени во погрешни тела“, каде малиот Денан изјавил дека е несреќен, бидејќи не се чувствува како да е машко. Според зборовите на неговите родители, Сара и Бил Тајлер, Денан  уште од 2 години се однесува чудно и тврдел дека е женско.

„Никогаш не го интересираа играчките со кои си играше неговиот постар брат Лиам. Сакаше да пие од розови чаши. Кога одев да го земам од градинка секогаш го наоѓав со девојчиња и облечен како принцеза“, изјавила мајката и додала дека Денан ја молел да му купи папучи како нејзините со високи потпетици. Семејниот педијатар постојано им говорел дека тоа е само фаза низ која поминува детето.

„Кога Денан имше 4 години ми рече дека Бог не е толку голем, бидејќи погрешил што го создал како машко, и дека сака да си го отсече пеницот. Ме загрижи премногу“, раскажала мајката.

По неколку различни дијагнози, еден терапевт им рекол на родителите дека Денан има растројство на родов идентитет. Потоа родителите му дозволиле да пушти долга коса и да се облекува како девојче. Меѓутоа, со тоа се јавиле и други проблеми. На училиште почнале да го малтретираат, а родителите го отпишале од училиштето. Сметаат дека најважно е децата да имаат слобода и да бидат она што се.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma