Цеца останала без пари! Е добро де ќе живурка некако:)))

popara21 ноември, 20111min00
06.01.2004. Ljutice Bogdana
Ceca Raznatovic 
snimio: S. Pikula

Фолк-ѕвездата Светлана Ражњатовиќ собрала половина милион евра за втората рата долг кој мора да го плати кон државата, и до крајот на декември ќе треба да ја исплати оваа сума. На крајот Цеца ќе остане без динар. Но, во буквална смисла. Според пишувањата на некои српски медиуми, блиски пријатели на пејачката изјавиле дека Цеца сите пари заработени од албумот ги дала за првата рата од долгот.

– Цеца наскоро ќе мора да исплати половина милион евра. Парите веќе се собрани, но за третата рата тешко ќе се снајде! Цеца има огромни трошоци, се уште го исплаќа домот на Кипар, за Вељко и Анастасија таму плаќа скапа школарина, а поминало речиси шест месеци од нејзиниот последен настап, и поголем профит. Постои и судски процес поради неплатени долгови спрема Воислав Ѓурковиќ, како и платите за нејзиното лично обрезбедување… Албумот е продаден во рекорден тираж, но поради пиратеријата приносот не е толку голем колку што очекувала, изјавил за српските медиуми близок пријател на Цеца.

Тој додал поради ваквата ситуација целиот тим на Цеца подготвува голема турнеја. Само два дена по отстранувањето на бразлетната Цеца ќе одржи концерт во Цирих.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma