12 песни на Ејми Вајнхаус ќе останат заклучени

popara21 ноември, 20111min00
Amy Hor

Island Records, издавачката куќа на Ејми Вајнхаус, најави дека компанијата има вкупно 12 необјавени песни на Ејми, но нема да ги објави бидејќи тоа било желба на Ејми.

Тед Кокле од Island Records, во интервју изјави дека една од тие недостапни песни “Procrastinate “ ќе му се допадне на секој што ќе има можност да ја слушне, но веднаш додаде дека секој што ќе ја слушне може да дојде веднаш и да ја побара неговата оставка.

Сепак, Guardian коментираше дека г-дин Кокле очигледно ги нема последните информации, бидејќи верзија на песната “Procrastinate “ е веќе објавена на YouTube и веќе е повеќе од милион пати гледана.

Неодамна, продуцентот Салам Реми изјави дека Ејми Вајнхаус планирала да сними албум во кој ќе биде вклучена џез група. Вајнхаус во овој проект сакала да го вклучи Квестлов, тапанарот на групата Рутс и саксафонистот Кинча. Реми на крај додаде дека Вајнхаус ги има напишано сите песни кои таа сакала да се појават на нејзиниот трет албум, и дека самата ги одбрала насловите.

httpv://www.youtube.com/watch?v=IpXj5tgt9uk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag