Кејт Винслет ќе се нурне до Титаник!? Ајде, можеби ќе го најде Леонардо:)))

popara21 ноември, 20111min00
238100e-image-de-Titanic-9524

Милијардерот Ричард Бренсон заедно со група туристи со помош на подморница планира да го посети потонатиот брод “Титаник”, а со себе на ова патешествие ќе ја поведе и актерката Кејт Винслет, која во 1997 година, ја играше главната улога во истоимениот филм на Џејмс Камерон, “Титаник”.

“Со нетрпение чекам да го направам овој подвиг. Сериозен сум во врска со ова патување, а ќе ја повикам и Кејт да ми се придружи. Зарем не би било прекрасно доколку ѕвездата на” Титаник ” навистина се спушти долу и го види бродот? За тоа треба да се разговара со Кејт, но сигурен сум дека Кејт ќе го прифати овој предизвик “, изјавил Бренсон.

Сопственикот на компанијата “Вирџин” во овој предизвик ќе тргне со група туристи, и секој член на експедицијата за ова задоволство ќе мора да плати 38,000 долари.

Според некои извори, на истото патување ќе замине и режисерот на “Титаник”, Џејмс Камерон, додека Бренсон планира да поведе и своите деца.

Претставник на компанијата која го организира ова патување изјавил дека веќе се продадени 70 отсто од аранжманите за 2012 година, и дека тие не очекувале толку голем интерес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag