Весли Снајпс е во затвор за затајување на данок, но и таму не е мирен со своите финансиски проблеми. Поточно, актерот повторно има проблеми со законот, овој пат поради долгови на кредитните картички. Снајпс должи околу 30.000 долари. Поради даночно затајување, бил осуден на три години затворска казна, а сега е обвинет и за долгови на кредитните картички. Банката, каде што должи пари го тужела минатата недела, и побарала од Снајпс отплата на долгот и покривање на сите судски трошоци.