Провалниците се искачиле преку оградата и од работилницата и од просторијата за чување материјали украле цигари во вредност од 8000 фунти… и тоа од затвор!
Грабежот кој се случил во затворот во Киркхам, во близина на британскиот град Престон е голема брука и срам за целото министерство за правда, според граѓаните на овој град.
„Обично затворениците неможе да дочекаат да излезат од тука, а кога нешто вакво ќе се случи тоа кај нив предизвикува радост“, изјавиле дел од граѓаните.
Една од теориите е дека местото не било доволно обезбедено, според врботените од затворот.
Додека во затворот се обидуваат да го идентификуваат виновникот , претставниците од министерството по срамниот грабеж изјавиле дека ова е случај за полицијата.