Дури 700 пациентки одлучиле да поднесат тужба против гинекологот кој преку скриена камера ги снимил интимните делови на жените. Во неговата амбуланта биле пронајдени повеќе од 35.000 фотографии.
Жените се согласиле да покренат тужба против германскиот гинеколог кој тајно ги направил овие фотографии од пациентките за време на прегледите во неговата канцеларија.
Се претпоставува дека дури 3000 жени биле фотографирани.
“Тој е обвинет за тајно снимање на интимните делови на пациентките. Сега мора да провериме кои се размерите на овој скандал и секако зошто тоа го направил“, изјавил јавниот обвинител Либинг.
Гинекологот би можел да добие година дена затворска казна.