Држите диета и се прашувате како сте накачиле килограми наместо да ослабнете? Ви ги претставуваме најчестите замки, кои се непријател на диетите:
Диеталните сокови: Според некои истражувања, диеталните пијалоци всушност не се воопшто диетални. Тие го надувуваат организмот и исто така содржат многу калории. Затоа, наместо диетални газирани пијалаци, одберете свежо исцеден сок од лимон или портокал, или минерална вода.
Јадење помали оброци: Некои луѓе практикуваат да јадат шест помали, наместо три големи оброци. Проблемот е што многу често се случува тие шест „мали“ оброци да имаат многу повеќе калории отколку нормалните три оброци.
Салата со сос: Знаете дека салатите се основната исхрана кога сте на диета. Но многу често паѓаме во замките на сосовите за салати, кои се многу калорични, што значи дека воопшто не сме заштедиле на калории.
Диетални чоколади: Диеталните чоколади кои не содржат шеќер всушност содржат ист број на калории како и нормалните млечни чоколади. Едиствената разлика е фактот дека шеќерот е заменет со вештачки засладувач. Но тоа не значи дека можете секојдневно да јадете вакви чоколади и да очекувате да ослабнете.