Американецот Том Рауен од Ајова влезе во Гинисовата книга на рекорди откако успеа да облече 247 маици една врз друга.
На почетокот на неговиот подвиг облекувањето на маиците било лесно, но потоа му била потребна помош за да ги облече останатите. Почнувајки со маици број М, тие постепено се зголемувале, а последната маица која ја облекол Рауен била со број 20ХL.
Рауен, кој е сопственик на продавница за облека, преку овој подвиг успеал да собере 5000 долари кои планира да ги подари на добротворни цели.
Погледнете како се одвиваше целиот настан: