Во низата бизарности, поранешниот помошник на Анџелина Џоли открива дека таа се уште е фасцинирана од крв. Славната хуманитарка наводно чува завои со крв од своите деца кога имале некакви повреди. Асистентот побарал да остане анонимен и открил и како Енџи секојдневно се затвора во теретаната во куќата каде што никој нема да ја вознемирува додека неуморно вежба.
Според неговите тврдења, младата Анџелина се обидувала со разни испади да појави на насловните страници на списанијата. Кога ги бакна усните на својот брат на црвениот тепих, ја шокираше јавноста и на тој начин стигна до насловните страници! Покрај тоа, јавноста беше изненадена од изјавата дека обожува ножеви и има импресивна колекција во нејзиниот стан. Шишенцето со крв од нејзиниот поранешен љубовник Били Боб Тортон го носела околу вратот, а со јавната расправија со нејзиниот татко ги полнела светските страници.
Се чини дека некои навики е тешко да се откажат…