Во резерватот Мусиарa Марш во Кенија направена е една од најубавите фотографии на лавица со своето младенче кое се одмара на нејзиниот грб.
Откако цел ден малите играле, учеле од лавиците да ловат на крај дошло време и за одмор, а младото лавче знаело каде најдобро да се засолни и никој да не му пријде, а тоа е нај грбот на својата мајка.
Фотографиите ги има направено американскиот фотограф Пол Содерс кој има освоено многу награди. Сепак фотографиите од лавовите на него му се најдраги.
Инаку, резерватот во Кенија има површина од 1500 километри квадратни, а покрај лавови има и леопарди, слонови, бизосни, како и 400 видови на птици.