Ќерката на познатата пејачка Цеца Ражњатовиќ, Анастасија, станува модел! Поточно, нејзе за претстојната зимска колекција ја ангажирал креаторот Саша Видиќ, кој одлучил токму Анастасија да биде заштитно лице на неговата колекција.
По долго размислување кого да одберам како заштитно лице на мојата нова колекција, изборот падна на Анастасија. Сум имал можност да ја видам како се појавува во различни комбинации и многу ми се допадна. Млада е, убава, природна, а во исто време е поинаква од професионалните модели. Анастасија, исто така, поседува харизма, и едноставно е феноменална, како и нејзината мајка Цеца. Убеден сум дека Анастасија ќе докаже дека е дорасната за ваков предизвик и дека ќе блесне во полн сјај – изјавил стилистата на Светлана Ражњатовиќ.
Ќерка на Цеца веќе некое време сакала да се испроба на модната писта, а ова ќе биде вистинска можност да го реализира нејзиниот сон.