Брус Дикинсон, пејачот на британската хеви метал група “Iron Maiden”, остана без работа. Тоа не значи дека го напуштил бендот, но сепак пилотската опрема некое време ќе мора да ја заклучи во плакарот. Компанијата “Astraeus Airlines” за која Брус работел изминативе неколку години, прогласила банкрот.
Брус поседува дозвола за летање уште од 1990 година, откако го завршил училиштето за летање на Флорида.
Патниците често биле импресионирани кога ќе го виделе познатиот музичар во едно сосема друго издание. Со оглед на пофалбите од колегите, и беспрекорното летачко досие, познатиот рокер би можел да добие шанса да управува со некоја нова “метална птица”.