Крис Хемфрис планира да ја тужи Ким Кардашијан!? Ами како:)))

popara24 ноември, 20111min00
kris_humphries_kim_kardashian

Кошаркарот Крис Хемфрис наводно планира да ја тужи Ким Кардашијан и нејзиното семејство за 10 милиони американски долари.
Парот во брак помина само 72 дена, а Крис по судски пат очигледно одлучил да го “собере своето парче од колачот”, односно од приходите на семејството Кардашијан.
Тој е убеден дека тие мора да му платат “за неговиот придонес во нивното реално шоу.
Всушност, и свадбата на Ким и Крис била снимена за потребите на популарното шоу, а таа епизода имала голема гледаност.
Исто така, преку судот Крис наводно се обидува да се заштити себе од понатамошно негово прикажување во шоуто, бидејќи се плаши дека Ким токму преку шоуто може да му се одмазди по разводот, а наводно Крис бил загрижен поради снимката, каде тој го задева најдобријот пријател на Ким, Џонатан за неговата сексуалност.
Џон наводно не е геј, но Крис цело време му го кажувал спротивното и наводно му упатил неколку хомофобични коментари.
Крис се брани велејќи дека семејство Кардашијан се му наместило и тврди дека сите негови сцени во реалното шоу се напишани во сценариото.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma