Ви го претставуваме Виктор де Леон, 13 годишното момче кое го живее сонот на многу деца низ светот. Ем секојдневно игра видео игри, ем го плаќаат за тоа.
Виктор де Леон, кој е познат под прекарот „Lil Poison“ односно малиот отров, е најмладиот професионален играч на видеоигри според Гинисовата книга на рекорди.
Виктор е роден на 6ти мај 1998 година, а прв пат се обидел да ја игра NBA 2K на Дримкаст кога имал две години. На првиот Хало турнир се пријавил кога имал 4 години, и тоа во неговиот роден град Њујорк, а успеал да влезе помеѓу професионалците кога имал 5 години.
На 7 годишна возраст Виктор потпишал ексклузивен договор со организаторите на Мејџор Лиг Гејминг, со што и официјално стана најмладиот професионалец за видео игри во светот.