Пожарникарите морале да ја сечат сушарата за сушење алишта откако девојката се заглавила во неа.
Даниел Морган (18) од Универзитетот во Дерби, била во станот со својата цимерка и пријателите, кога случајно се сопнала од креветот и во падот се закачила на сушарата, а главата и останала заглавена во неа.
Нејзиното друштво успеало да ја сними сета броба со сушарата, но не успеале да и помогнат на девојката, па повикале брза помош и пожарникари да ја исечат металната конструкција за сушење алишта.
„Моето друштво мислеше дека целата ситуација е урнебесно смешна, но мене навистина не ми беше до смеење“, изјавила девојката.
Погледнете како изгледал овој несекојдневен инцидент:
httpv://www.youtube.com/watch?v=xr4vJrljP4I