Седумнаесет годишниот брат на Парис Хилтон, минатиот викенд удрил во паркиран автомобил. Сведоците изјавиле дека тој бил пијан и дезориентирани. Во неговиот автомобил било пронајдено марихуана, шише со вино, пишува TMZ. . Тој заминал од местото на несреќата а полицијата објавила дека нема да го уапси, бидејќи, постоела можност дека некој подоцна ги ставил работите во автомобилот.
– Уринираше пред мојата врата и пред вратата на соседот. Ми се извини и ми рече дека бил пијан и дека прави глупави работи, изјавил сведокот и додал дека Конрад го молел да не повика полиција бидејќи неговите родители биле на одмор.
Несреќата се случила кога Конрад се враќал дома од излегување. Таткото на Конрад изјавил дека неговиот син се судрил, бидејќи сакал да избегне куче на патот.