Кејти Холмс беше гостинка во шоуто на Елен, каде ја објасни мистеријата за гумените бонбони во форма на пенис кои таа и ги купи на својата ќерка Сури. Откако папараците го уловија тој момент, се дебатираше многу за начинот на кој Том и Кејт ја воспитуваат малата Сури, па дури имаше и реакција од нејзините баба и дедо.
Бевме во слаткарницата каде Сури обично ги купува гумените бонбони во форма на риба. Но, овој пат ги имаше бонбоните во форма на пенис и таа не сакаше да ги остави. Доколку не и дозволив да ги земе ќе ми поставуваше многу незгодни прашања, па за да ги избегнам и ги купив а таа мислеше дека се риби, се правдаше Кејти.