Една кинеска компанија проценила дека лицата кои се родени во знакот на шкорпија и девица се премногу кртични и намќорести, поради што неможат да аплицираат за работа кај нив, додека јарците, вагите и рибите се добредојдени.
Овој необичен оглас за работа бил објавен на огласната табла на еден универзитет во Кина, од страна на компанија за изучување на англиски јазик, а предизвикал силни реакции во јавноста.
„Ние не сакаме шкорпии и девици, додека јарците, ривите и вагите имаат приоритет“, било наведено во огласот.
„Имам вработено луѓе кои се родени во тие два хороскопски знаци, а тие или се распараваа со колегите или несакаа да останат на работа“, изјавила жената претставена како Ксија.
Во извештаите се наведува и зошто другите три знаци се подобри на местото професор и службеник.
Ова не е првиот случај хороскопот да влијае на работодавците. Во истиот град една студентка родена во знакот на рак, се обидела да се вработи во компанија која организира венчавки, но била одбиена со образложение дека водолиите и шкорпиите повеќе одговараат за таа работа и позиција.