Ограничување на брзина нацртано на куќа! :)

popara25 ноември, 20111min00
nn

Еден исфрустриран жител на селото Бов во Девон, Англија, се одлучил на драстичен потег поради многуте возачи кои не ги почитувале сообраќајните знаци и огранилувањата за брзина. Па така на својата куќа на едниот ѕид, нацрта сообраќаен знак висок 4,57 метри.

Таткото на три деца, Тим Бакхаус бил загрижен за големиот број автомобили кои поминуваат покрај неговата куќа со неприлагодена брзина.

Откако му пропаднале сите поплаки и жалби до органите на власта, овој 47 годишен човек одлучил работите да ги земе во свои раце. На куќата во која живее со помош на своите пирјатели нацртал голем знак за ограничување на брзината. Користел бела, црвена и црна боја, а сето тоа го чинело околу 100 фунти.

„Верувам дека ова е драстична мерка, но навистина ми е доста од возачите кои не ги почитуваат знаците. Овде нема камери кои би ги фотографирале возилата и оние кои не ги почитуваат знаците во сообраќајот, па морав сам нешто да преземам. Доколку возачите би ги почитувале сообраќајните знаци, ова место би било многу поубаво за живеење“, изјавил Бакхаус.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag