Аца Лукас вртоглаво го завршил својот настап во клубот “Магацин” во средата навечер. Пејачот по заршувањето на концертот се спрепнал и паднал по скалите, додека се симнувал од бината. За жал, падот не завршил добро за Аца.
При падот го скинал менискусот на десната нога, истата во која му било пукано од огнено оружје во фебруари 2009 година. Веднаш му бил ставен гипс, а како што пишуваат некои медиуми, пејачот за брзо време ќе мора да оди на операција. Аца не бил добро опоравен и од прострелната рана, а оваа повреда само му ја влошила состојбата. Како голем професионалец, со повредена нога и големи болки, седејќи на столица, Аца настапил пред публиката во Добој ( Босна и Херцеговина ) .
One comment
sandra
26 ноември, 2011 at 14:04
bajpas 🙂 hahahah