Повеќе вежбање – помалку депресија

popara26 ноември, 20111min00
aktivni

Жени на возраст од 25-80 години, кои во животот се физички активни, а помалку време поминуваат пред телевизиските екрани поретко страдаат од депресија, покажаа резултатите од студијата посветена на откривање на врската помеѓу физичката активност и идепресијата.

Според студијата спроведена во САД врз неколку илјади жени од различна возраст, жените кои на физичката активност трошат најмалку по еден час дневно имаат 20% помали шанси да станат депресивни од оние кои ретко ги посетуваат фитнес салите.

Од друга страна, истражувачите забележале дека поминувањето многу часови пред ТВ екраните носат поголем ризик од депресија. Според нив, жените кои гледаат во просек  три или повеќе часови дневно имаат 13% поголеми шанси да станат депресивни од оние кои ретко го вклучуваат телевизорот.

“Високото ниво на физичка активност е значаен фактор за помал ризик од депресија”, вели доктор Мишел Лукас од Институтот за јавно здравство во Бостон. Тој објаснува дека повеќе време поминато во физичка активност може да ја зајакне самодовербата и чувство на контрола и го зголемува нивото на ендорфин во крвта, кој е заслужен за добро расположение.

Доктор Лукас препорачува физичка активност за секоја возраст. Според него, не станува збор за потреба од интензивни вежби, туку за секојдневна физичка активност која ќе го одржува телото во форма и ќе им помогне на жените да останат здрави и витални.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma