Иако Швеѓанецот бил фатен со доволно канабис, кој го одгледувал во својата куќа, избегнал затворска казна и се извлекол само со парична казна, поради тоа што “дрогата била со лош квалитет”.
35-годишниот човек признал пред судот дека одгледувал марихуана за лични потреби и ја чувал на таванот. Но, пред да се зголеми, индискиот коноп го “убила” тешката шведска клима, тој се обидел да ја спаси, но не успеал.
Според шведскиот закон, дрвото канабис се смета за дрога, па затоа човекот сепак бил прогласен за виновен. Но, лошиот квалитет на дрогата го спасил од затвор, се извлекол само со парична казна.