Сара Лел стана позната откако ја раскажала својата секс авантура со Ештон Качер. Фаталната русокоса имала секс со Ештон во џакузи во пресрет на годишнината од неговиот брак со Деми Мур. Кога го слушнала ова Деми најавила развод на бракот. Сепак, Сара не се чувствува одговорна за распаѓањето на овој брак во Холивуд.
“Можеби бев само една пречка на патот, но ако некој поднел барање за развод, тоа е нешто што можеби веќе долго време се спремало. Очигледно и порано имале проблеми, изјавила Сара за TMZ. Љубовницата на Ештон нема планови да ја обнови романсата со Ештон, иако сега тој е слободен.