Креациите се во актуелните за сезонава нијанси – оранжево, тиркизно сино, наситено виолетово, сиво и црно. Интересен акцент се чевлите со високи подпетици и прилепените по нозете чизмички од кадифе над коленото. Силуетите се прави, преовладуваат ансаблите – туника со панталони. Специјалните материјали се богато орнаментирани или декорирани дополнително со кристали и бродерии.