Пејачката Џенифер Лопез го одвела својот помлад дечко Каспер Смарт на Хаваи, пишуваат странските медиуми.
Во Хаваи парот заминал заедно со децата на Лопез, близнаците Максим и Ема, каде го поминале Денот на Благодарноста, пишува интернет порталот “,” Радар онлајн “.”
“” Каспер е извонреден со децата. Тој цело време си играше со нив, а на близнаците Ема и Максим им беше супер во негово друштво,” изјавил извор близок до парот.
Пејачката во септември се разведе од пејачот Марк Ентони, и оттогаш била поврзувана со многу познати личности, вклучувајќи го и актерот Бред Купер, и ѕвездата на Латино-амерканските сапуници, Вилијам Леви.