Мажите побрзо се заљубуваат од жените

popara27 ноември, 20111min00
mazi

И покрај популарното верување дека жените се поромантични од мажите, според последните истражувања, мажите се оние кои најчесто први кажуваат „Те сакам“.

Научниците од универзитетот во Пенсилванија тврдат дека жените полесно ги изразуваат своите чувства, но дека мажите се заљубуваат побрзо и побрзо ги изнесуваат своите чувства на виделина. Мажите дури три пати почесто велат „Те сакам“, за разлика од жените кои се многу порезервирани.

“Жените се повеќе прагматични кога станува збор за љубовта и ретко прават нешто без добро да размислат за тоа“, вели психологот Мариса Харисон, водечки истражувач на спроведената студија.
Студијата, објавена во списанието “Социјална психологија”, открива дека мажите се заљубуваат во рок од неколку недели, додека на нивните партнерки им се потребни  повеќе месеци.

Истражувачите укажуваат дека причината зошто мажите се заљубуваат побрзо од жените е фактот на поистоветување на љубовта со секс. Мажите обично сакаат да започнат сексуални односи што поскоро, додека жените преферираат да почекаат неколку месеци.

Истражувањето исто така покажало дека повеќето мажи знаат дали може да се заљубат во некоја жена веднаш по првата средба. Четвртина од испитаниците изјавиле дека веруваат во љубов на прв поглед и дека еден поглед е доволен да се знае дали некоја девојка е “вистинската”.

Девојка, од друга страна, се многу поколебливи и често се консултираат со пријателите и семејството, чекаат да помине најмалку еден месец, со цел да се почувствуваат побезбедни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma